Pirelli и Bosch најавија соработка за развој на „паметни“ гуми

од Vladimir Zorba
51 прегледи

Италијанскиот производител на гуми Pirelli и германската технолошка групација Robert Bosch најавија соработка за развој на „паметна“ технологија за гуми која треба да биде интегрирана во системот за контрола на возилото.

Новиот софтверски систем треба да ја подобри безбедноста, удобноста, одржливоста и динамиката на возење, комбинирајќи ги сензорите интегрирани во пневматиците на Pirelli и хардверската и софтверската експертиза на Bosch.

Комбинацијата „ќе овозможи собирање, обработка и пренос на податоци за гумите во реално време за да се обезбедат параметри за електронскиот контролен систем на возилото“, се вели во соопштението.

Во првиот заеднички проект, Bosch веќе разви апликација за Pirelli за контрола на стабилноста на гумите поставени на суперавтомобилите Pagani, се додава.

Финансиските детали за новиот проект не се соопштени.

Слични содржини