Пациенти кои користат антикоагуланти, терапија за висок притисок и високи масти во крвта, антидепресиви, како и терапија за третирање на деменција, од понеделник на сметка на Фондот за здравство ќе имаат на располагање вкупно 87 нови лека. Различни по форма, јачина и пакување, лековите се од деветте нови генерики воведени на примарната позитивна листа.
Од СЗО реагираат дека многу луѓе се борат да врзат крај со крај и мора да изберат помеѓу плаќање на трошоците за здравствена заштита или за храна и основни потреби.
Од СЗО потенцираа, кога нема лекови помалите пазари се соочуваат со проблем да ги набават по пониски цени, ова не е проблем само на Македонија туку и на сите помали држави и за ова ќе се бара решение.
Како што истакнаа премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство, Арбен Таравари во обраќањата на настанот по повод здравствените политики, мора јасно и транспарентно да се посочат предизвиците со кои се соочуваат институциите, а следниот клучен чекор е оптимизирање на финансирањето за проширување на позитивната листа.
Проширувањето беше најавено уште во август, кога Таравари кажа дека на листата се додадени 9 нови генерички лекови, а тоа се 87 лекови во различни имиња и форми. Лековите што се најдоа на позитивната листа се со генеричко име Prasugrel и Ticagrelor (за крвни болести и против згрутчување на крвта), Nebivolol, Perindopril, Valsartan и Fenofibrate за висок крвен притисок и Escitalopram, Mementine и Duloxetine за третман на депресија и деменција.