Американскиот државен секретар Антони Блинкен навести дека Белата куќа наскоро ќе ги укине ограничувањата за употребата на ракети со долг дострел од Украина против клучните воени цели во Русија. Се верува дека одлуката е веќе донесена.
Зборувајќи во Киев заедно со британскиот министер за надворешни работи Дејвид Лами, Блинкен рече дека САД од самиот почеток биле подготвени да ја прилагодат својата политика за да одговорат на промените на бојното поле во Украина. Блинкен и Лами разговараа со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по што требаше да поднесат извештаи пред нивните надредени, Џо Бајден и Кир Стармер.
Лами истакна дека откритието за испраќање балистички ракети од Иран во Русија го промени стратешкото размислување во Лондон и Вашингтон, нарекувајќи го „опасна ескалација“. Според него, Иран, Русија и Северна Кореја формирале нова оска и ја повика Кина да не се приклучува на оваа група.
I am joining my Caucus co-chairs in calling on President Biden to lift restrictions on Ukraine's use of long-range weapons. We need to remove the handcuffs and give Ukraine every advantage. pic.twitter.com/9EJ0GQ6TSt
— Senator Roger Wicker (@SenatorWicker) September 10, 2024
Британски извори велат дека веќе е донесена одлука Украина да користи ракети „Storm Shadow“ против цели во Русија, иако тоа нема да биде јавно објавено за време на посетата на Стармер на Бајден во Вашингтон. За време на таа средба, Гардијан посочува дека лидерите ќе разговараат за завршување на војната во Украина, но нема да бидат премногу фокусирани на конкретни системи за оружје.
Во Киев, Блинкен и Лами ја повторија својата непоколеблива поддршка за Украина. Лами додаде дека нападот на Путин врз Украина е израз на „империјализам“ и „фашизам“, осудувајќи ја неговата ароганција и алчност. Украина со месеци лобира за дозвола да се гаѓаат руски воени цели длабоко во руската територија. Во мај, Зеленски ја критикуваше бавноста на Бајден во донесувањето одлуки, велејќи дека неодлучноста ги чини Украинците животи. Тој ги повика САД да престанат да се грижат за можна нуклеарна ескалација.
Американските и британските министри пристигнаа во Киев со воз од Полска, со намера да ја повторат својата поддршка за Украина. Блинкен потврди дека новите ирански балистички ракети пристигнале во Русија, а Лами рече дека Велика Британија обезбедува нова воена помош за Украина, вклучувајќи ракетите „Бримстоун“ фрлачите „АС-90“.
Во Украина постои оптимизам дека САД и Велика Британија конечно ќе ги укинат ограничувањата за употреба на ракети со долг дострел.