28
Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис денеска изјави дека зголемените миграциски текови не можат да се решат со еднострано укинување на Шенген зоната, откако Германија на почетокот на неделава објави построга контрола на нејзините копнени граници.
„Одговорот не може да биде еднострано укинување на Шенген и фрлање на топката врз земјите лоцирани на надворешните граници на Европа“, рече Мицотакис во интервју за грчко радио.
Тој рече дека решението ќе вклучува „фер компромис“ меѓу сите европски земји кои треба да ги заштитат надворешните граници на Европа.