Амбасадорката на САД Анџела Агелер, во вечерашното интервју во Дневникот на Сител ТВ обелодени дека на црната листа на САД може да се најдат нови имиња, и дека во моментов повеќе имиња се под проверка.
„Имав разговор со Вашингтон, и на таа листа ќе се надополнува. Во овие случаи се поставува по основ на закони на САД кои нѐ задолжуваат да ги спроведуваме. Тоа е многу силен правен процес, но тој процес е во тек, не сум сигурна кога ќе се случи. Можам само да кажам дека повеќе имиња се под проверка“, изјави Агелер.
Во врска со изборите во САД, амбасадорката Анџела Агелер рече дека без разлика на исходот од изборите, САД ќе останат силен пријател, сојузник и партнер на земјава.
– Нашето пријателство и поддршка нема да се променат. Тоа ќе остане цврсто и може да ве уверувам дека додека сум овде како амбасадор ќе направиме се што можеме да ги поддржиме програмите на кои напорно работевте дури од независноста, изјави Агелер.