Јавниот повик не е за набавка на основни средства, туку за интервенција во инфраструктурата, вели Перински откако Град Скопје побара пари за нови автобуси

од Nikola Popovski
55 прегледи

Основната замисла на јавниот повик не е да се набавуваат основни средства, туку да се интервернира во инфраструктурата. Тоа е основата, но ајде да почекаме да видиме каков ќе биде исходот од евалуциските комисии, па да носиме заклучоци, вели денеска министерот за локална самоуправа Златко Перински, одговарајќи на новинарско прашање дали доколку се одобри некој проект за Град Скопје, постои можност да се набават дополнителни автобуси, имајќи ја во предвид ситуацијата со ЈСП Скопје.

Перински истакна дека поентата на јавниот повик е онаму каде што самите локални самоуправи немаат доволно средства да инвестираат во подобрување на водоводната и канализациската мрежа, патната инфраструктура или во делот на образованието, тоа да го сторат преку директните средства од државниот Буџет.

-Тоа е главната и основна замисла на проектот, повтори министерот.

Со над 300 проекти за капитални инвестиции општините бараат пари од владиниот колач вреден 250 милиони евра. Градот Скопје аплицира со 20, сака финансии од државната каса за да се обнови јавниот превоз со нови 95 автобуси и нови противпожарни возила. За дел од општините клучна ќе биде изградба и обнова на здравствени установи, подобрување на условите во училиштата, патната инфраструктура.

Слични содржини