Nissan Qashqai e-Power го собори Гинисовиот рекорд за највисок банџи скок за автомобили откако „скокна“ од височина од 65 метри.
Овој подвиг беше снимен во Путо, Франција, каде кран го исфрли Qashqai во близина на високи згради. За да биде сè безбедно, автомобилот бил ставен во посебен кафез. Лоран Ласко, професионален тркач и каскадер, цело време бил на возачкото место.
Претставниците на Гинис беа при рака за да се погрижат се да биде како што треба. За да се препознае рекордот, автомобилот и банџи кабелот мораа да останат недопрени. „Скокот“ на крајот помина без проблем, па Qashqai e-Power стана нов рекордер.
Nissan се одлучи на овој потег со цел да го промовира новиот Qashqai.
„Ова е еден вид смел и важен предизвик што ние во Nissan навистина го сакаме. Брендот отсекогаш покажувал способност за иновации и менување навики, а тоа го правеше смело. Qashqai се обиде со скејтборд, сурфање, пејнтбол и други возбудливи активности, и во новата кампања ќе скока од зграда во зграда Идејата за банџи скок ја симболизира личноста на новиот Qashqai“, објави Nisan.
Сепак, треба да се напомене дека највисокиот банџи скок всушност е забележан во 1992 година, кога GMC Jimmy „одлета“ од мост во Западна Вирџинија, односно од висина од 263,7 метри. Исто така, во емисијата Top Gear, водителот Ендрју Флинтоф седел во модел на Rover Metro додека автомобилот паднал од врвот на брана висока 164 метри.
Така се поставува прашањето зошто Qashqai е рекордер, а одговорот е едноставен. Претходните рекорди не беа следени или потврдени од претставници на Гинис. GMC Jimmy е снимен со цел да го промовира новиот модел, додека Top Gear го изведе подвигот само за забава.