43
Пратеничката група на Левица предлага воведување на максимален износ на кирии, односно ограничување на кириите. Со измените на Законот за домување предлагаат воведување на максимална граница на изнајмување на станови на месечно ниво.
Велат дека има минимална граница во законот која изнесува 1/12 од 2% од станот што за стан од 100 илјади евра, минимална закупнина од 166 евра.
Левица предлага одредување на максимална граница во износ од 3% од вредноста на станот, што за истиот стан, максималната вредност би била околу 250 евра.
-Заради карактеристиката на Македонија како социјална држава, овој проблем мора да се санира на вистински начин, а не изнајмувањето да претставува одреден бизнис, рече пратеникот на Левица, Амар Мециновиќ.