„Фолксваген“ излета од пат, две лица завршија во болница

од Nikola Popovski
293 прегледи

Во 07.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Ресен, во близина на кракот кон селото Свиништа, патничко возило „фолксваген пасат”, со струшки регистарски ознаки, управувано од А.И.(57) од струшкото село Октиси, излетало од патот.

Во несреќата, возачот и сопатникот Б.М.(63) од истото село се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.

Слични содржини