Како Израел предизвика експлозија на речиси 3.000 пејџери во исто време?

од Илинка Илиоска
175 прегледи

Експерти од либанската армија го обвинија Израел дека предизвика експлозија на пејџерите, кои биле користени за комуникација меѓу борците на Хезболах, иако не е објавено официјално соопштение.

Според либанските безбедносни служби, пејџерите што ги користел Хезболах експлодирале попладнево. Најмалку осум лица загинаа, а речиси 3.000 беа повредени.

Имаше шпекулации дека технологијата на некој начин била хакирана или саботирана од израелското разузнавање.

Еден извор близок до Хезболах тврди дека инцидентот е резултат на „израелски упад“ во комуникациските системи на Хезболах, иако тоа не е потврдено и Израел допрва треба да коментира. Друг официјален претставник, кој сакаше да остане анонимен, рече дека експлозиите најверојатно биле предизвикани од литиумските батерии што ги напојуваат пејџерите.

Иако литиум-јонските батерии често се користат во потрошувачката електроника, тие можат да се прегреат и да се запалат, а во некои случаи дури и да експлодираат. Овој процес се нарекува термички дефект, што е хемиска реаккција.

Како што напредува реакцијата, доаѓа до ненадејно ослободување на енергија, што може да предизвика експлозии со голема сила и топлина. Термички дефект се јавува кога батеријата е прегреана, пробиена или преполнета.

Сè уште нема официјална потврда за причината за истовремените детонации на пејџерите, но либански воени извори сугерираат дека уредите можеби биле активирани како дел од израелскиот напад. Можно е израелските сили или некој друг актер да ги хакирале овие уреди и далечински да ги преполниле, предизвикувајќи термички дефект.

Пејџерите често користат нешифрирани комуникациски канали и застарен софтвер, што ги прави лесни мети за напад. Оние со DC сигнал се пасивни приемници, така што не можат да се следат, но кога се праќа порака, секој пејџер во близина се активира.

Ако непријателот добие контрола над сигналот, може да ги зарази сите пејџери на мрежата истовремено. Вирусот може да се инјектира во пејџерската мрежа на Хезболах и да остане во мирување додека не се прошири. Овој малициозен софтвер можеби бил активиран од далечина или со претходно програмиран тајмер.

Снимките покажуваат дека уредите ја примиле пораката непосредно пред експлозијата. Тој сигнал можеше да биде активирач за експлозијата или да обезбеди борците да ги држат уредите во моментот на детонацијата.

Ако овие експлозии се резултат на сајбер напад, тогаш ова е исклучително ретка ситуација кога сајбер војната предизвикала физичка штета на инфраструктурата.

Претходно оваа година, лидерот на Хезболах, Хасан Насралах ги повика членовите на неговата организација да се вратат на користење пејџери за витални комуникации, објаснувајќи дека модерните паметни телефони се поранливи на сајбер напади од израелските сили.

Сепак, исто како и мобилните телефони и многу други електронски уреди, пејџерите се напојуваат со литиумски батерии што се полнат. Пожарите предизвикани од батерии можат да достигнат температури до 590 степени Целзиусови кога се запалат.

 

Слични содржини