Хезболах долго време тврди дека камен-темелникот на неговата воена стратегија е тајноста, поради што се откажа од високотехнолошките уреди за да избегне инфилтрација на израелски и американски шпионски софтвер.
Во телевизиско обраќање пред повеќе од шест месеци, генералниот секретар Хасан Насрала ги повика членовите на Хезболах и нивните семејства во јужен Либан, каде борбите со израелските сили преку границата се водат речиси една година, да се откажат од своите мобилни телефони, пишува „Си-Ен-Ен“.
„Исклучете го, закопајте го, ставете го во железна кутија и заклучете го. Направете го тоа за безбедност и за заштита на крвта и достоинството на луѓето“, рекол тој во говорот во февруари.
Во драматичното обраќање тој исто така додал:
„Соработник (на Израелците) е мобилниот телефон во вашите раце, во рацете на вашата сопруга и вашите деца“. Овој мобилен телефон е соучесник и убиец“, истакнал Насрала во својот говор.
За разлика од другите недржавни актери на Блискиот Исток, се верува дека единиците на Хезболах комуницираат преку внатрешна комуникациска мрежа.
Ова се смета за еден од клучните градежни блокови на моќната група која долго време беше обвинета дека работи како држава-во-држава.
Пејџерите, со децении застарени за повеќето луѓе во Либан, би служеле да ги охрабрат членовите на Хезболах да контактираат меѓу себе преку тие телефонски линии.
-Покрај тоа што предизвика масовни жртви во неколку делови на Либан, очигледната манипулација со пејџерите што експлодираа ја вознемири оваа група.
Во обидот да избега од радарот на Израел, се чини дека пристапот за враќање на постарата технологија се покажа како контраефект на начинот на кој тие најмалку очекуваа, заклучува „Си-Ен-Ен“.