Саудискиот амбасадор во Велика Британија: Блискиот исток се соочува со најголемата војна во последните 50 години

од Milan1
23 прегледи

Блискиот исток е најблиску до регионална војна во последните 50 години, предупреди саудискиот амбасадор во Велика Британија, принцот Калид бин Бандар ал Сауд. Тој истакна дека ситуацијата на терен само се влошува и дека е време да се направат „нови напори“ за запирање на конфликтот во области како Газа.

„Би сакал да кажам дека сум оптимист, но тешко е да се види од каде би можел да дојде тој оптимизам“, рече тој, на прашањето за неговиот став за конфликтот. „Ситуацијата на теренот се влошува… Мислам дека ова е најблиску до регионалната војна од 1973 година“, изјави Сауд.

Ал Сауд рече дека на Израелците и Палестинците треба да направате се што можат за да спречат понатамошна ескалација.

Неговото предупредување доаѓа откако израелскиот министер за одбрана најави „нова фаза“ од војната, при што војниците се движат кон северната граница на земјата, каде што со месеци разменуваат оган со Хезболах, исто така во изминатите два дена, десетици членови на либанска милитантна група беа убиени по експлозија на електронски уреди – пејџери и воки-токи.

Слични содржини