Премиерот Христијан Мицкоски реагираше на обвинувањата од опозицијата за ограничувањето на маржата во есенската потрошувачка кошница.
„Тоа што го слушам од опозицијата е безидејна порака и представува гимнастики што им се враќаат како негативен бумеранг“, рече тој и истакна дека СДСМ зголемил данокот на додадена вредност од 5% на 10%.
„Забораваат дека го покачија данокот на додадена вредност од 5 отсто на 10 отсто. Потоа, воведоа и данок на луксуз. Зошто? За да можат тој луксуз да го користат преку наместени тендери. Така, од голтари стааа милионери, со хациенди, со имоти надвор од земјата“, рече Мицкоски.
Според него, есенската кошница е резултат на анкета со граѓаните и опфаќа производи кои се најупотребувани.
„Наша цел е да се фокусираме на производите што навистина им се потребни на граѓаните“, додаде Мицкоски.
Опозицијата, пак, ја оцени владината одлука како „калкулантска политика“, тврдејќи дека замрзнувањето на маржите на само 73 производи е обид да се „замажат очите на јавноста“. СДСМ истакна дека во минатото вовеле мерки за намалување на цените на над 500 производи и дека актуелната влада не нуди вистинска поддршка за граѓаните.