Стружани излегоа на протести: Не сакаат нови казина

од Илинка Илиоска
64 прегледи

Жителите на Струга бараат затворање на сите казина и обложувалници во Македонија, револтирани од плановите за отворање ново казино во близина на градинка и основно училиште. Тие повикуваат државата да го ограничи бројот на вакви објекти и нивната локација, особено во урбани подрачја. Иако поднеле барање до општината, изградбата накратко била стопирана, но потоа продолжила, што ги поттикнало протестите да траат сè додека објектите за игри на среќа не се затворат.

Стружани предупредуваат дека коцкањето веќе станува проблем за помлади генерации, вклучувајќи и деца од 13-14 години, бидејќи коцкарниците се лесно достапни. Во градот има околу 50 казина и обложувалници, што според нив создава алармантна состојба со сериозни штети и последици.

Слични содржини