АХВ во вонредни инспекции во Охрид и Струга: Откриени 8,7 тони небезбедна храна

од Илинка Илиоска
31 прегледи

Инспектори на Агенцијата за храна и ветеринарство деновиве вршеа вондердни инспекции во Охрид и Струга. Проверуваа маекети, кебапчилници, месарници, ресторани и слаткарници при што се откриени  8,7 тони откриена храна без безбедносна декларација.

Маркет во Струга е казнет со 1.400 евра поради пласирање на небезбедни производи на пазарот. Уништена е храна од 15 килограми од гостилница во Охрид на која и било препишана санкција од 500 евра. Казнета е и месарница со 500 евра во Струга.

Директорот на АХВ, Оливер Миланов, вели дека станува збор за дури 120 вонредни инспекциски надзори.

– Во Струга и во Охрид во тридневна акција откривме 8,7 тони небезбедна храна. Тоа беше акција предводена лично од мене. Станува збор за недекларирана храна која беше нештетно уништена. Немаше санитарни документи, увозни декларации, а ниту операторите беа регистрирани, рече Миланов.

Тој исто така кажа дека и некои вработени немале санитарни книшки, а сомнителни биле и хигиенските услови.

Слични содржини