Фонсека: Одамна не сум видел тим што му создава толку проблеми на Интер

од Milan1
28 прегледи

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека е импресиониран од играта на неговиот тим синоќа во градското дерби со Интер. Милан во натпреварот од 5. коло од италијанската Серија А забележа победа со 2:1.

– Тоа беше вистинско дерби. Милан одамна нема победа. Се разбира, ова беше важно за нашата сегашна состојба. Играчите покажаа храброст и ја заслуживме победата. Долго време не сум видел тим што му создава толку многу проблеми на Интер, изјави Фонсека за „Football.Italia“.

Педесет и едногодишниот португалски стручњак одговори и на гласините за неговата оставка кои се појавија пред натпреварот.

-Тоа навистина не ми е важно бидејќи не читам или слушам такви работи. Ќе се чувствуваме малку посигурни оваа недела, но важно ми е играчите да продолжат да веруваат во нашите идеи. Знаеме дека треба да се подобриме, но денеска тоа беше победа за играчите, додаде Фонсека.

По победата во дербито, Милан се наоѓа на 7. место во Серија А со осум бода, три помалку од лидерот Торино.

Слични содржини