36
Пратки со банани од Јужна Америка во кои имало вкупно 95 килограми кокаин, случајно завршиле во многу филијали на супермаркети во Западна Германија.
Според обвинителството, дрога била пронајдена во единаесет продавници, пренесува германската медиумска групација RND. Вредноста на запленетата материја на црниот пазар се проценува на повеќе од седум милиони евра.
Инспекторите веруваат дека погрешната пратка била доставена до централниот магацин и оттаму преку нормалниот дистрибутивен ланец била транспортирана до поединечни продавници. Надлежните се уште истражуваат од каде точно е запленетиот кокаин.