Tрамп: Мислам дека сме заглавени во украинската војна, освен ако не станам претседател, ќе ја прекинам

од Milan1
19 прегледи

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави денеска дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседател Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.

„Бајден и Камала не воведоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат“, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.

САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари.

„Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам. Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели „ние нема да си одиме додека не победиме““ рече Трамп.

Слични содржини