Раперот Шон Комбс, попознат како Паф Диди, беше уапсен минатата недела под обвинение за рекетирање и трговија со луѓе со цел сексуална експлоатација.
Оттогаш во јавноста се појавија голем број скандалозни обвинувања, а сега се огласи и поранешниот телохранител на Диди, Џин Дил.
Дил го чуваше раперот во текот на 90-тите, а сега во подкастот „The Art of Dialogue“ рече дека Диди чувал видеа од политичари кои доаѓале на неговите прочуени забави и дека во текот на целиот овој скандал, би можеле да бидат разоткриени јавни личности и многу високи функционери.
„Ова е поголемо од Диди…“, рекол тој.
Што изјави поранешниот телохранител?
Дил исто така тврди дека раперот е само жртва на други моќни луѓе од музичката индустрија.
„Паф не е роден како чудовиште, тој беше направен чудовиште. Од него е неправено чудовиште поради тоа што му се случило и поради работите што требаше да ги направи. Да бидам искрен, на другите им го правеше тоа што му беше направено… Тоа е научено однесување“, тврди поранешниот телохранител и додава:
„Во таа луда фаза се дрогираа и тепаа жени, правеа работи за да го натераат да помисли дека може да се извлече со истите работи со кои тие се извлекуваа. Нема да кажам „наводно“ затоа што го видов“.
Тој исто така нагласи дека апсењето на Паф Диди е кармата на раперот за многуте лоши работи што ги направил, „вклучувајќи ги и обвиненијата што доведоа до смртта на раперот Биги Смолс“.
„Неговата карма мораше да го стигне… Тоа беше негова вина. Знаеше дека направи грешка и знаеше дека научи нешто што не е во ред, знаеше дека ако нешто не е во ред треба да побара помош, но тој не го избра тој пат“, истакнал Дил.
Деталите од обвинението ја згрозија јавноста
Потсетуваме, деталите од обвинението неодамна беа објавени во јавноста, а од таму наведуваат дека биле пронајдени просториите што ги користел Диди за подведување, кои биле полни со сексуална опрема и камери, со кои се снимале таканаречените „Лентите на Диди“.
Во обвинението се наведува и дека во споменатите простории често се организирале повеќедневни оргии, како и дека жртвите често биле дрогирани и принудувани на сексуални односи. Благодарение на споменатите камери, Диди имал можност преку својот телефон редовно да гледа се што се случува во овие простории.
„Резервирале хотелски соби и ги исполнувале со лекови, масло за бебиња, лубриканти, резервна постелнина и осветлување“, соопштил јавниот обвинител Демијан Вилијамс.
Дополнително, постои сомневање дека намерно чувал такви видео снимки за да може да се користат за уцена и да се обезбеди послушност и молчење од страна на жртвите. Покрај тоа, тој „набавувал и дистрибуирал наркотици на жртвите, ги контролирал нивните кариери, ја користел својата финансиска моќ и се заканувал дека ќе им ги уништи кариерите, со заплашување и насилство“.
Како еден од начините да ги принуди на секс, Диди користел и огнено оружје, па од неговата куќа биле одземени три пушки АР-15.
Со текот на времето, исплива и список на бројни јавни личности кои присуствувале на забавите на Диди.