(Пре)амбициозниот „Проект 150“ на Јунајтед: Титула на Олд Трафорд до 2028!

од Nikola Popovski
12 прегледи

Единаесет години немаат освоено титула, а како што почнаа, нема ни да освојат. И иако се чини дека немаат основа ниту да сонуваат за тоа во догледна иднина, Манчестер Јунајтед си постави цел за да го врати трофејот на Олд Трафорд за четири години.

Имено, како што пишува „Атлетик“, новиот извршен директор на клубот од Манчестер, Омар Берада, на своите колеги им го најавил (пре)амбициозниот „Проект 150“ за освојување на титулата шампион на Англија со надеж дека ќе го спроведе до 2028 година.

Тогаш Јунајтед ќе ја прослави 150-годишнината од основањето на клубот, а Берада смета дека освојувањето на 21-та титула би било идеален подарок за навивачите за ваквиот голем јубилеј.

Сепак, почетната позиција не е најсветла. По пет натпревари во новата сезона, избраниците на Ерик тен Хаг се на 11. место со две победи и едно реми од пет натпревари, а најлошо од се е што се чини дека немаат никаква перспектива со холандскиот тренер, бидејќи дури две сезони по неговото пристигнување, напредокот не е забележлив.

Сепак, Берада, кој му помогна на Манчестер Сити да изгради империја во претходните 13 години, јавно го поддржа Тен Хаг пред дербито со Ливерпул во кое Јунајтед доживеа дебакл.

„Ерик ја има нашата целосна поддршка, работевме заеднички во овој преоден рок. Ќе продолжиме да соработуваме со него за да му помогнеме да го извлече најдоброто од тимот. Дали сè уште му веруваме? Апсолутно! Мислам дека Ерик е вистински тренер за нас и целосно го поддржуваме“, изјави тогаш Берада.

Слични содржини