Иранскиот врховен лидер, Али Хамнеи однесен на безбедна локација

од Milan1
25 прегледи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи е префрлен на безбедно место во земјата со засилени безбедносни мерки, изјавија за Ројтерс двајца регионални претставници информирани од Техеран.

Изворите рекоа дека Иран е во постојан контакт со либанскиот Хезболах и другите регионални прокси групи за да се одреди следниот чекор откако Израел објави дека го убил шефот на Хезболах, Хасан Насрала во петокот во напад врз јужен Бејрут.

Израел соопшти дека дека извршила напад врз штабот на Хезболах во Бејрут, главниот град на Либан. Цел на нападот била Насрала, кој ја предводеше либанската милитантна група повеќе од три децении, според повеќе извештаи, цитирајќи ги и израелските и американските официјални лица.

Портпаролот на израелската армија, Даниел Хагари, рече дека нападите биле насочени кон главниот штаб на Хезболах, велејќи дека се наоѓал под земја под станбени згради.

Слични содржини