Aјатолахот Хамнеи ги повика муслиманите „со сите можни средства“ да се спротивстават на Израел

од Milan1
25 прегледи

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Хамнеи денеска ги повика муслиманите со сите средства да го поддржат Либан и либанската група Хезболах во конфликтите со Израел.

„Судбината на овој регион ќе ја одредат силите на отпорот, со Хезболах на чело“, рече Хамнеи откако израелската војска соопшти дека го убила лидерот на Хезболах Хасан Насрала, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека во изјавата на Хамнеи, муслиманскиот свет е повикан „со сите можни средства да застане покрај народот на Либан и гордиот Хезболах и да им помогне во нивната конфронтација со злобниот режим на Израел“.

Претходно денеска, врховниот лидер на Иран беше преместен на безбедна локација во земјата со засилени безбедносни мерки, изјавија за Ројтерс двајца регионални претставници информирани за ситуацијата од Техеран.

Иран е во постојан контакт со либанскиот Хезболах и другите регионални милитантни организации кои соработуваат со Техеран за да го подготват следниот чекор, откако Израел соопшти дека вчера го убил лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во напад во јужен Бејрут.

Слични содржини