Скопјанец почина откако бетонски столб паднал врз него

од Milan1
49 прегледи

На 28.09.2024 околу 18 часот во СВР Скопје било пријавено дека во дворно место од куќа на подрачјето на Чаир, додека извршувал градежни работи, врз Ј.И.(54) од Скопје паднал бетонски столб.

-Ј.И. бил пренесен во Поликлиниката Чаир, каде од страна на лекар констатирана била смрт, информираат од МВР.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

Слични содржини