Анџелина Џоли „пука“ од гордост: Се чини дека сè си доаѓа на „свое место“

од Nikola Popovski
1,1K прегледи

Анџелина Џоли се прошета со Акала во Венеција, навестувајќи дека се повеќе од пријатели, а сега на црвениот тепих пристигна и новиот партнер кој покажа дека децата на Анџелина брилијантно го прифатиле

Есента како и секогаш е период кој со себе носи бројни филмски фестивали, а моментално актуелен е оној во Њујорк. Покрај овогодинешните бројни филмски новитети, на распоредот е и новиот филм „Марија“, во кој главната улога ја има Анџелина Џоли, а на црвениот тепих дојде во најдобро друштво.

Актерката во салата Линколн центар ја придружуваа нејзините деца, 23-годишниот Медокс, 20-годишниот Пакс и 19-годишната Захара.

Нејзините три деца покажаа дека секогаш и даваат поддршка на нивната талентирана мајка, која по неколку години се врати на актерството. Ја држеа за рака и ја поддржаа на црвениот тепих, а потоа следеше момент кој ја насмеа актерката широко.

На црвениот тепих се појави и нејзиниот нов партнер Акала, а Пакс го пречека со топла прегратка, покажувајќи дека новата врска на популарната актерка навистина има „негов благослов“.

Познатата актерка едноставно блеска од среќа бидејќи секоја недела бележи само нови позитивни критики, а многумина се убедени дека дивата ќе добие и Оскар за најдобра женска главна улога.

Џоли го покажа својот нов изглед таа вечер и апсолутно блескаше во бел фустан на Мадам Грес од „Mon Vintage“ во Париз, комбиниран со накит од Картие и потпетици Аквазура, додека 19-годишната Захара носела бел YSL фустан со потпетици на Том Форд.

Слични содржини