Мурињо го заработи најбизарниот жолт картон во кариерата

од Nikola Popovski
28 прегледи

Фудбалерите на Фенербахче остварија победа од 2:0 против Анталијаспор во 7. коло од турската Суперлига, но во центарот на вниманието повторно беше тренерот на Фенербахче, Жозе Мурињо.

Во 77. минута, Един Џеко ја затресе мрежата, но неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд, што предизвика бурна реакција на Мурињо. Имено, тренерот на Фенербахче земал лаптоп и го ставил пред ТВ камерата, за да ја прикаже спорната ситуација. За тој потег доби жолт картон, а по натпреварот изјави дека Џеко не бил во офсајд, тврдејќи дека одлуката била погрешна.

И покрај поништениот гол, Мурињо може да биде задоволен од резултатот, бидејќи Фенербахче со оваа победа ја намали разликата во однос на Галатасарај на само три бода, откако нивниот верен ривал ремизираше 3:3 против Касимпаша.

Во следното коло Фенербахче го очекува гостување кај Самсунспор.

Слични содржини