Не е конструктивен ставот однапред ние да се самоблокираме за некој во иднина да не ни стави вето, кажа универзитетската професорка Ана Чупеска во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„Вето во иднина може да ни стави кој сака и тоа не само за билатерални прашања, туку и за владеење на право, за работа на судството, за монополи и олигополи и преговорите се уште помакотрпен пат и никој нема гаранција дека нема да се соочи со некакво вето, но затоа постојат меѓународни договори, кои во вакви контексти се склучуваат на добра волја“ рече таа.
Чупеска се осврна и на ставот на премиерот Христијан Мицкоски по одвојувањето на Албанија од Македонија од европскиот пат.
„Мицкоски вели не благодарам и со тоа ја присвојува пораката не ни треба ЕУ. На крајот и тоа е принципиелен став дека не ни треба ЕУ, но нека ни каже што ни треба, мора да постои решение“ порача Чупеска.
Чупеска смета дека не постои можност да се промени преговарачката рамка и упати забелешка зошто владата го билатеризира прашањето за евроинтеграции, додавајќи дека преговарачката рамка е европска, а не бугарска.