Русите нападнаа пазар во центарот на Керсон: Седум лица загинаа, неколку се повредени

од Vladimir Zorba
24 прегледи

Најмалку седум лица загинаа, а тројца се ранети денеска во очигледен руски напад на пазар во јужниот украински град Керсон.

„Нападот се случил додека луѓето купувале храна на пазар во центарот на градот“, изјави регионалниот гувернер Олександр Прокудин, пренесе АП.

Украинското обвинителство соопшти дека нападот „најверојатно“ бил извршен од руска артилерија и дека нападот се случил во близина на станица за јавен превоз.

Слични содржини