Chevrolet не брза со целосна еликтрификација на Corvette

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Во најновата изјава за медиумите, Тони Рома, шефот на инженерскиот одел на Chevrolet за моделот Corvette, јасно потврди дека Chevrolet сè уште не размислува за електрични мотор. Причината е исклучително едноставна: засега нема заинтересирани купувачи на кои им се допаѓа идејата за електрична Corvette.

Во согласност со трендовите, Chevrolet во меѓувреме работеше на првата Corvette C8, чиј централно сместен 6,2-литарски атмосферски V8 мотор е потпомогнат од електричен мотор над предната оска, така што купувачите на делумно електрифицираниот двосед можат да сметаат на комбинирани 655 коњски сили, што е доволно за забрзување од 0 до 100 km/h за 2,7 секунди и вкупно 257 km/h.

„Разговарав со многу луѓе, ентузијасти, пријатели, колеги инженери… и се согласивме дека нема потреба од целосна електрификација на Corvette само поради наметнатите трендови кои, како што одминува времето, покажуваат многу недостатоци. На крајот на краиштата, зошто да се направи автомобил што никој не сака да го купи?“, вели Рома, чие размислување го поддржува и директорката на Chevrolet, Мери Бара, која исто така изјавила дека треба да се води според желбите на клиентите.

Без оглед на сите несогласувања, Chevrolet останува на својот претходен план дека од 2035 година повеќе нема да нуди модели со мотори со внатрешно согорување, а времето ќе покаже дали плановите ќе бидат одржливи.

Слични содржини