На Мицкоски во Брисел му било кажано да не смета на уставни измени со одложено дејство

од Илинка Илиоска
37 прегледи

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција истакна дека на премиерот Христијан Мицкоски на разговорите со челниците на Европскиот совет му било кажано дека не може да смета на тоа уставни измени да се донесат и прифатат со одложено дејство, ниту менување на преговарачката рамка.

-Нашите информации од Брисел за време на состанокот на премиерот со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кажуваат дека од таму му било јасно кажано и посочено дека ниту може да смета на тоа дека уставни измени може да се донесат и да се прифатат да има одложено дејство, ниту пак има било каква можност за менување на преговрачката рамка. Така да, треба јасно да кажат каков план имаат да ја движат државата напред. Засега нема апсолутно никаква информација, туку само некаква демагогија која ја шират овие денови, рече Филипче.

Лидерот на СДСМ потенцира дека францускиот предлог е еден сплет на комплексни документи и посочи дека гледа оти има сериозна победа на нашата дипломатија.

-Тој француски предлог е еден сплет на комплексни документи во којшто влегоа и преговаровачката рамка, влегува и Договорот за добрососедство.
И тука нема ништо лошо, напротив тука има сериозна победа на нашата дипломатија. Прво, од билатерлно прашањето со Бугарија се издигнува на ниво на дискусија со ЕУ. Понатаму самиот Договор за добрососедство по својот концепт на добри релации со соседите е нешто што влегува во Копенхашките керитиеруми. Сериозен успех на дипломатијата е тоа што за разлика на пример со Србија каде што релациите со Косово се во посебна поглавје, овој договор и почитувањето на Договорот практично е само во општиот дел на преговарчката рамка. Така што, јасни се принципите по коишто нашата земја треба да оди напред, рече тој.

Филипче смета дека тоа што јасно ќе биде детерминарано бугарското малцинство во Уставот, исто така е една сериозна придобивка поради тоа што, како што посочи, за првпат после повеќе децении паѓа во вода еден дел од бугарската политка дека ние сме биле еден народ, поделен во две држави.

-Што значи дека од национали на ниво на идентитет тие прашања се сведени на ниво на малцинство. Жалам што оваа Влада дојде на власт со една голема лага, дека ќе ги подобореле условите и нашата позиција во преговорите со ЕУ. Не само што ништо не прават по тоа прашање, напротив тие услови ги влошуваат. Се што направија изминатите 100 дена по тоа прашање, е да ги влошат нашите релации, прво со Грција, а понатаму и со Бугарија за да дојдеме до ситуација кога нова резолуција е усвоена во бугарскиот Парламент. Ниту кажуваат како оваа земја ќе продолжи напред, ниту кажуваат со каква временска динамика, ниту премиерот, ВМРО-ДПМНЕ и целата владина коалиција ЗНАМ и ВЛЕН не кажуваат дали има друга алтернатива, или ќе останеме целосно изолирани како слепо црево на Балканот, рече Филипче.

Филипче смета дека најавите за дестабилизација во земјава се само една политика за да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми.

-Сметам дека најавите доколку власта ги земе сериозно треба да се однесува поинаку. А со оглед на тоа што не се однесува поинаку, сметаме дека станува збор само за дефокус од вистинските проблеми со кои се соочуваме. На пример, после првата најава за некавка дестабилизација тоа беше летото, премиерот замина на одмор. Претседателката нема намера да го свика Советот за безбедност. Тоа се инструментите коишто по функција ги има претседателката, а премиерот веројатно и други средби со институции во сферата на безбедноста на државата доколку навистина веруваат дека таквите најави за некаква дестабилизација се вистински ризик. Така што, сметам дека е тоа само една политика за да се дефокусира јавноста од вистинските проблеми. Затоа што гледате дека пред очите ни бега возот за ЕУ, одделени сме од Албанија и остануваме во групата за преговори со ЕУ, со Молдавија и БиХ. Така да, јас во тие работи навистина не верувам, рече тој.

Слични содржини