30
Еден од најдобрите фудбалери во историјата и член на саудискиот клуб Ал Наср, Кристијано Роналдо, кој го постигна 904. гол на натпреварот против Ал Рајан, изјави дека повеќе не го интересираат личните рекорди, објави францускиот спортски весник „Л’Екип“.
Роналдо во понеделникот вечерта постигна еден од двата гола против Ал Рајан во азиската Лига на шампиони.
Португалскиот фудбалер, петкратен добитник на Златната топка, изјави дека сега само сака да биде совршен соиграч.
„Веќе не бркам индивидуални рекорди. Добро е за играч да постигнува голови, но најважно ми е денес да уживам во играта и да му помогнам на Ал Наср и моите соиграчи да победат“, изјавил 39-годишниот Роналдо.