📽️Стратегија на Мосад: Шефот на специјалната иранска тајна служба бил ИЗРАЕЛСКИ АГЕНТ!

од Nikola Popovski
48 прегледи

Поранешниот ирански претседател Махмуд Ахмадинеџад за време на интервјуто за Си-Ен-Ен Турк открил дека се испоставило дека шефот на единицата на тајната служба, која беше формирана да ги таргетира агентите на Мосад во земјата, всушност бил израелски агент, пишува Тајмс оф Израел.

Зборувајќи за Си-Ен-Ен Турк, Ахмадинеџад соопштил дека уште 20 агенти во иранскиот разузнавачки тим задолжени за следење на израелското разузнавање, исто така, се свртеле против Техеран.

Двојните агенти наводно му пренеле чувствителни информации на Израел за иранската нуклеарна програма, заклучува поранешниот претседател.

Минатиот месец, иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда соопшти дека 12 лица се уапсени под сомнение дека служеле како оперативци кои работеле со Израел и подготвувале заговор против Иран.

Слични содржини