Струмица петти ден без вода за пиење: Од денеска граѓаните ќе се снабдуваат преку апарати

од Илинка Илиоска
10 прегледи

Од денеска граѓаните на Струмица и шест населени места со вода за пиење ќе се снабдуваат преку 25 апарати поставени во сите училишта и детски градинки, а се обезбедени и 25 канистри со вода за пиење кои 24 часа ќе бидат распоредени низ улиците на градот, соопштија синоќа од струмичкото комунално претпријатие.

Во Струмица петти ден не може да се користи водата за пиење од градскиот водовод поради неможноста фабриката за вода да ја прочистува водата која доаѓа во системот од браната Турија и во неа има манган повеќе од дозволеното.  Водата може единствено да се користи како техничка.

Канистрите за вода за пиење 24 часа ќе бидат поставени кај Градската болница, резервоарот на „Свети Петнаесет“, Амфитеатарот во Градскиот парк, улица „24 Октомври“ (поранешна дирекција на „Комуналец“), булевар „Климент Охридски“ (Дирекција на „Комуналец“), а по два часа во текот на денот ќе има поставени канистри на повеќе локации во градот.

Во шесте населени места – Дабиле, Градско Балдовци, Водоча, Просениково, Баницаи Добрејци вода за пиење ќе има од 7 до 19 часот.

Од „Комуналец“ информираат дека на сите места квалитетот на водата за пиење во секој канистер редовно ќе се контролира од акредитираната лабораторија на Центарот за јавно здравје – Струмица.

Слични содржини