Постигнат договор со германски туроператор за носење на 35.000 туристи од Европа годишно

од Nikola Popovski
21 прегледи

Од февруари со чартер-лет по околу 190 странски гости ќе доаѓаат во Македонија, вон туристичката сезона. Организатор ќе биде германски туристички оператор. Годишно по 35 илјади туристи од Германија, Франција и Велика Британија ќе доаѓаат за да ги запознаат културно-историски знаменитости, наша карактерна особина како држава.

Целта е вели премиерот Христијан Мицкоски, да се развие и културниот туризам. Германскиот тур-оператор, со повеќе од милијарда евра годишен обрт се занимава и со маркетинг, телекомуникации, енергетика и хотелиерство.

Ова би значело дополнително околу 30 милиони евра прилив од директните трошења на туристите, кои практично ќе бидат на балканска тура.

Плановите се чартер-летовите да се дуплираат, но тоа ќе зависи и од нас, бидејќи гостите имаат и свои побарувања во делот на квалитетот на сместувачките капацитети.

Слични содржини