Путин потпиша закон со кој војниците се ослободуваат од кривична одговорност

од Nikola Popovski
30 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој обвинетите кои служат во војската се ослободуваат од кривична одговорност.

Законот ги дополнува одредбите од Кривичниот законик и Законот за кривична постапка на Руската Федерација, а особено пропишува дека обвинетите кои се на воена служба за време на мобилизација или кои склучиле договор за воена служба, се ослободуваат од кривична одговорност и фаза на кривична постапка, објави руската новинска агенција РИА.

Се очекува сличен правен механизам да се прошири и на осудените лица за кои пресудата е изречена, а не е правосилна, вклучително и во фазата на жалбена постапка во кривичната постапка.

Слични содржини