Судејќи според сето она на кое сме сведоци во последните месеци, Бред Пит и Инес де Рамон се на најдобар пат наскоро да направат нов чекор во нивната врска, на општо разочарување на неговите обожаватели ширум светот.
Дека се среќни, задоволни и заљубени лесно може да се прочита од лицата на Инес де Рамон и Бред Пит. Откако во февруари решија да почнат да живеат заедно, а Инес се всели во домот на Пит, убавата бринета почна да се појавува во јавноста со него.
За сериозноста на нивната врска говорат и заедничките појавувања на црвените килими и други специјални настани, каде поради промоцијата на најновиот филм што Пит го сними со својот најдобар пријател, Инес и Бред се дружат и се забавуваат со Амал и Џорџ Клуни.
„Се започна како забавно и опуштено дружење, но откако почнаа да живеат заедно, сфатија дека има нешто посебно во нив“, открил добро информиран извор за магазинот „People“, објаснувајќи дека Бред и Инес се „сериозни за нивната врска и веќе планираат и заедничка иднина“.
Истиот извор изјавил и дека холивудската ѕвезда е воодушевена и пресреќна што ја има Инес со него, особено затоа што таа се покажала како неверојатна поддршка за него во кариерата и нема проблем да патува со него.
„Тој е благодарен затоа што Инес сака да патува и може да му се придружува на различни локации додека работи“.
Инаку, Бред Пит моментално снима филм за Формула 1, а Инес е цело време со него на снимањето. Тие дебитираа на црвениот тепих за време на филмскиот фестивал во Венеција, каде што се одржа премиерата на филмот „Wolfs“.
Друг извор изјавил за „In Touch“ дека парот дури размислува и за проширување на семејството:
„На Бред не му пречи толку доцна да има бебе. Здравјето му е одлично и ја има истата енергија како и секогаш. Тој навистина се чувствува со децении помлад од неговата вистинска возраст. Тие се надеваат дека наскоро ќе можат да ја споделат радосната вест со сите“.