Драматичен инцидент на Бритни Спирс – си ги изгорела косата, веѓите и трепките

од Nikola Popovski
478 прегледи

Пејачката Бритни Спирс (42) на својот Инстаграм профил на малку збунет начин ја опишала несреќата што ја имала со каминот. Поп принцезата изјавила дека „навистина опасниот“ инцидент се случил пред шест месеци.

– Бев во мојата соба, запалив оган и наеднаш ми експлодира во лице – ја започнала својата приказна пејачката.

– Бидејќи ова се случуваше и порано, тогаш би го замолила обезбедувањето да влезе и да го запали огнот. Но, овој пат, сама се фатив за целата работа и буквално ми пукна во лице.

Спирс вели дека пламенот бил толку силен што „личноста со која била во тоа време, се разбудила“.

– Огнот ми ги изгоре трепките и веѓите, а ја гледате ли оваа „бебешка коса“? Овие „бебешки шишки“? Поминаа шест месеци, пожарот ми ја зафати и косата – вели Бритни.

Пејачката била загрижена дека има изгореници од втор или трет степен и мислела дека ќе треба да оди на клиника за итни случаи.

– Ме болеше на допир кога го држев телефонот. Ме болеше кога ставав мраз на лицето. Сè што ќе допрев, ме болеше. Ова се случуваше околу шест или седум часа. … Болката никогаш не престана. Беше толку, толку, толку лошо – изјави Спирс.

Конечно, таа земала лекови против болки за да може да заспие.

– Сега се е во ред – заклучила таа.

Ова не е прв пат поп принцезата да има несреќи со оган. Имено, таа минатата година случајно со свеќи ја запалила својата домашна теретана, а потоа изгорените останки ги покажала на Инстаграм.

– Поминав покрај вратата на теретаната и пламен – бум – напиша Спирс во декември 2023 година.

Слични содржини