31
Емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани денеска ја оцени кризата на Блискиот Исток како „колективен геноцид“.
Како што јави агенцијата Ројтерс, тој исто така рече дека неговата земја секогаш предупредувала за „неказнувањето“ на Израел.
„Стана кристално јасно дека она што се случува е геноцид, покрај тоа што го претвора Појасот Газа во зона непогодна за живеење, како подготовка за нивно раселување“, рече Ал-Тани за време на Самитот за дијалог и соработка во Азија што се одржа во Доха.