МВР со нови детали за сообраќајката на патот Прилеп-Битола: Извршен е и увид

од Илинка Илиоска
95 прегледи

Утрово во 7 часот и 51 минута, на патот Прилеп-Битола кај селото Лагово, се судрија патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски таблички управувано од Н.В. (42) од Прилеп, со сопатниците А.Р. и Ф.Ј., сите од Прилеп, и товарно возило „волво“ со скопски регистарски таблички управувано од Г.Р. (51) од Битола, информира Министерството за внатрешни работи (МВР).

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Прилеп изврши увид на лице место а тешката сообраќајна несреќа на патот Прилеп-Битола во која утрово три лица го загубија животот, а едно е повредено.

Според првичните сознанија, до несреќата дошло при судар на патничко возило „тојота“ со прилепски регистарски ознаки и товорно возило „волво“ со скопски ознаки. Причините за несреќата се утврдуваат.

Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатите, сите патници во автомобилот, како и за испитување на примероци од крв и урина од возачот на камионот. Наредено е и сообраќајно-техничко вештачење за утврдување на причините.

Од 08.00 часот сообраќајот на патот А3 Прилеп- Битола кај с. Лагово е затворен за сообраќај во двата правци. Неколку лолакни медиуми објавија дека загинатите се двајца лекари и рендген техничар.

Слични содржини