Војчех Шчесни се врати од пензија и потпиша за Барселона. Иако тој потег уследи по тешката повреда на Марк Андре Тер Штеген и затоа се очекува Полјакот веднаш да застане на голот, тој самиот истакнува дека нема загарантирано место.
Поранешниот голман на Арсенал, Јувентус и на полската репрезентација најави повлекување на крајот од минатата сезона. Но, тој реши на покана на Барселона повторно да се активира.
– Во фудбалот нема гаранции, така што не ми е загарантирано ниту стартерско место. Јас сум тука да се натпреварувам. Ако ја изгубам таа борба и Ињаки Пења е добар оваа сезона, нема да бидам тажен. Клубот ме замоли за помош и тука сум – изјави Шчесни.
Негов конкурент ќе биде 25-годишниот Игнаси Пења, кој порасна во Барселона, одигра 15 натпревари за првиот тим, а во 2022 година беше позајмен во Галатасарај и забележа шест натпревари.