Адвокатот на жртвите тврди: Диди на девојките им давал лек за смирување на коњи

од Nikola Popovski
294 прегледи

Адвокатот Тони Базби, кој неодамна и откри на јавноста дека застапува дури 120 жртви, вклучително и деветгодишно дете, во случајот против раперот Шон Комбс, попознат како Пи Диди, откри застрашувачки детали од злоупотребата.

За време на неодамна одржаната прес-конференција поврзана со случајот, тој открил дека раперот „прво истурал лек за смирување на животни како коњи во нивните пијалоци, а потоа ги малтретирал“. Станува збор за ксилазин, кој бил „виден“ откако биле тестирани одреден број наводни жртви.

– Неколку луѓе (кои јас ги застапувам) беа тестирани и лекот беше пронајден во нивните организми. Некои можеби никогаш не сте ни слушнале. Еден таков е, на пример, ксилазин, за зашеметување. Според нашите (тимски) истражувања, се користи за смирување на коњите – коментирал тој, а потоа се задржал на случајот на дваесетгодишна девојка која била поканета на забава во хотел со раперот.

– Се радувала (што добила повик) и заминала. Го добила и испила својот пијалок и потоа уште не се сеќава на ништо. Толку ѝ било лошо што завршила во болница. Во нејзиниот систем е пронајден кокаин, како и ксилазин – објаснил адвокатот, пренесуваат странските медиуми.

Слични содржини