Синер: Убеден сум дека мојот случај ќе се реши позитивно

од Vladimir Zorba
28 прегледи

Италијанскиот тенисер Јаник Синер денеска во Шангај изјави дека е уверен дека неговиот случај ќе биде позитивно решен и покрај жалбата на Светската антидопинг агенција (ВАДА) која бара негова суспензија.

Светската антидопинг агенција минатата недела одлучи да побара од Судот за спортска арбитража Синер (23) да биде казнет затоа што бил позитивен на тестот за супстанцијата клостебол за време на Индијан Велс и да биде суспендиран од една до две години.

„Малку бев изненаден од жалбата на ВАДА, но од друга страна знаев дека тоа може да се случи. Се случи, сепак сум изненаден, но ќе соработувам како и досега. Имав три рочишта, што поминаа добро за мене. Беше добро, но сега да видиме“, рече Синер на денешната прес-конференција во Шангај.

Слични содржини