Додик и понуди помош на Федерацијата БиХ во борбата против поплавите

од Vladimir Zorba
201 прегледи

Претседателот на РС, Милорад Додик понуди помош за сите места во Федерацијата Босна и Херцеговина кои се загрозени од поплави.

Тој во објава на социјалната мрежа Х, поранешен Твитер, рече дека овој ентитет е целосно на располагање на ФБиХ.

„Ја изразуваме нашата солидарност во овие моменти и нашите тимови за цивилна заштита ќе направат се што е во нивна моќ да им помогнат на загрозените“, додаде Додик.

Слични содржини