Удар за „Х“: Платформата казнета со 380.000 евра затоа што не соработувала со австралискиот регулатор

од Vladimir Zorba
7 прегледи

Австралискиот суд денеска потврди дека платформата „X“ мора да плати казна од приближно 380.000 евра за несоработка со локалниот регулатор кој побарал информации за тоа како социјалната мрежа се бори против злоупотреба на деца.

Во пресудата се наведува дека „Х“ е должен да го информира регулаторот за безбедност на интернет за тоа што прави за да се осигура дека на таа мрежа не се појавуваат материјали што прикажуваат сексуална експлоатација на деца, пренесува Ројтерс.

Доколку судот ги прифатеше аргументите на платформата Х, тоа ќе создадеше опасен преседан во Австралија каде странска компанија може да избегне регулаторни обврски во земјата со спојување со друга странска компанија, изјави по пресудата австралиската комесарка за интернет безбедност – Џули Инман Грант.

Ова не е прв конфликт меѓу австралискиот регулатор и платформата X, која е во сопственост на најбогатиот човек на светот, Илон Маск.

Претходно оваа година, регулаторот и нареди на мрежата „X“ да ги отстрани видеата на кои се гледа напад со нож врз бискуп во Австралија.

Компанијата „X“а ја оспори оваа наредба на суд и тврдеше дека регулаторот во една земја не треба да одлучува што корисниците ширум светот треба да гледаат на Интернет, а самиот Маск ја означи оваа акција како цензура.

Слични содржини