За 24 часа се јавиле 12.000 ЖРТВИ и СВЕДОЦИ во случајот со Пи Диди: Адвокатот отвори телефонска линија за пријавување на контроверзниот рапер

од Nikola Popovski
149 прегледи

Адвокатот Тони Базби има намера да преземе правни мерки против Пи Диди во име на 120 жртви за сексуална злоупотреба, откако отвори телефонска линија која со денови е преплавена со повици.

Станува збор за телефонската линија што ја отвори на почетокот на неделата за да можат сите жртви и можни сведоци на злосторствата за кои е обвинет раперот да пријават што им се случило и на што биле сведоци.

Меѓутоа, за само еден ден телефонот се вжештил од повици.

„Од вчерашната прес-конференција, за околу 24 часа имавме 12.000 повици“, информирал Базби.

Ова е еден од начините за жртвите кои сè уште не пријавиле насилство или поради некоја причина не можеле да го пријават.

„Нашата задача е да се обидеме да го слушнеме секој од овие повици и да ги идентификуваме жртвите и оние што се сведоци и за да можеме да собереме докази“, порачал адвокатот, додавајќи дека речиси 100 луѓе работат на случајот на Диди, пренесува „Њујорк Пост“.

„Овие 120 тужби за кои зборувавме пред неколку дена се постапки кои би можеле да ги поднесеме против Пи Диди во моментов, но сакаме да се погрижиме да собереме се што можеме“, додал Базби.

Слични содржини