Ѓорчев откри зошто го напуштил приватниот сектор и ја прифатил позицијата национален координатор

од Nikola Popovski
149 прегледи

Поранешниот пратеник и нов национален координатор на Владата, Влатко Ѓорчев откри дека во 2021 година не ја напуштил политиката, иако прифатил да работи во приватниот сектор.

-Ако ја прочитате подобро изјавата ќе видите дека ќе работам во приватен сектор и ќе имам таму ангажман, но во истата објава велам дека останувам во ВМРО-ДПМНЕ како член на Извршниот комитет, дека ќе се ангажирам затоа што мислам дека ситуацијата и тогаш и сега, во која се наоѓа Македонија, е прилично тешка и лоша и државата треба да се извади калта во која се наоѓа. Сега сум ангажиран во демографијата и мислам дека е важна област за иднината на Македонија. Од неа е важна како ќе бидат определени наредните 10, 20 и 50 години во Македонија, рече Ѓорчев во емисијата „Само вистина“.

Ѓорчев, кој беше пратеник во неколку состави на Собранието од 2006 до 2020 година, во ноември 2021 година кажа дека решил да почне да работи во реалниот сектор.

-Здраво на сите. Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. Во Македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа – ќе имаше критики. Ако одиш приватно – повторно критики и неколку честитки. Ако успееш – пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. Животот оди понатаму, кажа тогаш Ѓорчев.

За назначувањето на Ѓорчев за позицијата национален координатор за демографија, млади и човечки ресурси, од СДСМ обвинија дека „ВМРО-ДПМНЕ и Ѓорчев го смести во фотелја, му измислија државна функција, за што граѓаните ќе плаќаат над 105 000 денари месечно или еден милион денари годишно“.

Слични содржини