Медведев: Не разбирам зошто Ѓоковиќ е претставен како лош

од Nikola Popovski
437 прегледи

Рускиот тенисер Данил Медведев во Шангај уште еднаш ја истакна една од најголемите дилеми во спортскиот свет.

– Не разбирам зошто некои медиуми понекогаш го прикажуваат Новак Ѓоковиќ како лош. Впрочем, го претставуваат како полош од другите – изјавил рускиот ас во интервју за веб-страницата „Бет Бум“ од таа земја – А јас секогаш се трудам да им објаснам на луѓето дека не е така.

Медведев има само убави зборови за српскиот колега

– Секогаш велев дека тренинзите со Новак ми значат многу. Не можам да кажам дека благодарение на нив успеав да влезам во топ 100 или нешто слично. Но, за мене секој тренинг со него беше многу убаво искуство.

Медведев додава колку е импресиониран од однесувањето на неговиот голем ривал:

– Никогаш не беше важно каде сум во светот на тенисот, тој секогаш се однесуваше исто со мене. Секогаш многу убаво, пријателско. Тој е добар човек и одличен тенисер. Неговото однесување е одличен пример. Кога влегов во првите десет и почнав да играм добро, секогаш се трудев да се сетам дека Новак е секогаш ист, без разлика кој си и што претставуваш. Едноставно секогаш е самиот себе – додава Русинот кој во зависност од резултатите може да го престигне Србинот на четвртото место на АТП веќе на овој турнир. Кој и да ја освои титулата ќе биде четврти, но има и други опции.

Петтиот тенисер во светот денеска во Шангај имаше прилично комплицирана работа – го совлада Бразилецот Сеибот со 7:5, 7:5.

– Тежок натпревар, тој секогаш игра добро против мене – изјавил Медведев, кој лани на Ролан Гарос го загуби првиот меч против овој ривал во пет сета.

Слични содржини