Ретклиф одби да се изјасни за судбината на Тен Хаг: „На крајот на денот јас не одлучувам“

од Nikola Popovski
68 прегледи

Косопственикот на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед, Џим Ретклиф, одби да ја коментира иднината на тренерот Ерик Тен Хаг, кој веќе неколку месеци беше критикуван за лошите резултати на тимот.

„Не сакам да одговорам на тоа прашање. Ми се допаѓа Ерик. Мислам дека тој е многу добар тренер, но на крајот на денот јас не одлучувам“, изјавил Раткилф за британската телевизиска мрежа Би-Би-Си.

Ретклиф на тој начин ја „префрли топката“ на новиот менаџерски тим на Манчестер Јунајтед, Ден Ешворт и на извршниот директор на клубот, Омар Берада.

„Управниот одбор на Манчестер Јунајтед мора да одлучи за најдобриот начин за водење на клубот“, изјави Ретклиф.

Манчестер Јунајтед имаше лош почеток на сезоната и се наоѓа на 13. место со само две победи во шест натпревари во Премиер лигата, по поразот на домашен терен од Тотенхем минатиот викенд со 3:0.

Слични содржини