ИЗРАЕЛ ГО УБИЛ НАСЛЕДНИКОТ НА НАСРАЛА? Ни трага ни глас од човекот кој требаше да биде нов лидер!

од Nikola Popovski
45 прегледи

Хашем Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, е недостапен од петокот, изјави денеска за Ројтерс извор од либанските безбедносни сили.

Тројца либански безбедносни извори изјавија дека спасувачите не можеле да стигнат до местото во јужните предградија на главниот град на Либан, Бејрут, кој беше бомбардиран во петокот додека израелските воздушни напади продолжија.

Изворите велат дека постои сомневање дека Сафиедин бил убиен во нападот во јужните предградија на Либан во петокот.

Израелската војска објави дека го нападнала разузнавачкиот штаб на Хезболах во голем воздушен напад врз Бејрут во текот на ноќта во петокот.

„Њујорк тајмс“ и американскиот портал „Аксиос“ објавија дека цел на израелскиот напад на Бејрут бил Хашем Сафиедин, кој треба да биде избран за нов лидер на Хезболах откако Хасан Насрала беше убиен во израелски напад врз Бејрут на 27 септември, објави „Тајмс оф Израел“.

Слични содржини