72
Украина ќе претстави „план за победа“ на 12 октомври на состанокот со своите сојузници во Германија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Ќе претставиме победнички план, јасни, конкретни чекори за праведен крај на војната – напиша Зеленски на социјалните мрежи.
Тој рече дека Киев се подготвува за 25-тиот состанок во базата Рамштајн на 12 октомври, прв на ниво на раководството на околу 50 земји кои ја поддржуваат Украина.
За време на престојот во Вашингтон, Зеленски го претстави планот на американскиот претседател Џозеф Бајден, како и на кандидатите на претседателските избори во САД, со уверување дека оваа есен ќе биде одлучувачка.