Џо Кол: Ќе бидам изненаден ако Тен Хаг остане на клупата до Божиќ

од Vladimir Zorba
38 прегледи

Во недела од 15 часот се очекува фудбалерите на Манчестер Јунајтед да и гостуваат на Астон Вила. Според многумина, ова би можело да биде судбоносен натпревар за менаџерот Ерик тен Хаг.

Клубот од „Олд Трафорд“ од почетокот на сезоната има само три победи во сите натпреварувања, а во четвртокот во последен момент избегна нов пораз, во Лигата на Европа, каде што играше против Порто (3:3).

Доколку загубат на Вила Парк, ќе биде тешка позиција за холандскиот стручњак кој беше критикуван од двајца поранешни играчи од Премиер лигата.

Поранешниот ас на Челси, Џо Кол вели дека би бил изненаден ако го види Тен Хаг на клупата на Јунајтед на Божиќ.

„Ја фаворизирам Астон Вила на овој натпревар, не гледам дека е можно нешто друго да се случи. И порано бевме на оваа позиција со Тен Хаг, кога тој и тимот беа на јажиња, тој се извлече. Мислам дека ова може да биде крај на патот за него. За нас коментаторите не е добро да зборуваме, но тоа е дел од животот како менаџер. Можам да видам каде сака да оди Јунајтед, како и тој. Сепак, ќе бидам изненаден да го видам во нивниот клуб за Божиќ“, рече Кол.

Манчестер Јунајтед имаше 2:0 против Порто, а на полувремето Тен Хаг го извади од игра стрелецот и асистент, Маркус Рашфорд, што ги изненади сите.

На крајот, Мегваер постигна гол во првата минута од судиското надополнување за да му донесе бод на тимот, но Тен Хаг и понатаму е на мета на критичарите.

Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч едноставно не гледа промена во играта на Манчестер Јунајтед.

„Да имаш 2-0, а потоа да губиш со 2-3, тоа е недостаток на контрола на натпреварите. Таков е неговиот состав сега, тој веќе работеше со повеќето играчи во тимот. Тие не изгледаат добро во моментов“, рече Крауч.

Слични содржини